Лионел Меси успеа да постави нов рекорд во Лигата на шампионите, а го надмина својот голем конкурент во последните години Кристијано Роналдо. Аргентинецот постигна погодок во триумфот од 3:1 над Макаби Хаифа, а изрелскиот клуб е 39. тим против кого Меси ја тресел мрежата во ова натпреварување.
На овој начин тој го престигна Роналдо. Португалецот досега ја погодил мрежата на 38 екипи.
Со голот против Макаби Хаифа, Меси стана првиот играч во историјата кој постигнал гол во 18 последователни сезони во Лигата на шампионите.