Полскиот ММА фајтер, Амадеуш Рослик стана „вирален“ на социјалните мрежи откако неочекувано го нападна јутјуберот Садек во моментите кога тој даваше интерву, наводно поради стари нерасчистени сметки.
Садек наводно во минатото го критикувал Рослик, кој е дел од полската ММА промотерска куќа ФАМЕ, и наводно го нарверувал неговото семејство, за фајтерот да му „влезе“ со брутален удар. Неверојатно, Садек стана и го продолжи интервјуто иако имаше крв на устата.
Ова не е првпат Рослик да е во центарот на контроверзите – во 2020 беше дисквалификуван бидејќи откако го нокаутираше својот противник, го шутна во главата додека тој паѓаше.
OUT OF NOWHERE pic.twitter.com/A2BXT7Ebl0
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) September 15, 2022