Top Sport

Сити тргнува по ѕвездата на Милан

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, сака во својот клуб да го доведе Рафаел Леао, асот на Милан и официјално најдобар играч во Серија А.

Шпанскиот стручњак и дал зелено светло на управата да започне преговори со талентираниот Португалец и според италијанските медиуми тој сака да ја заврши работата веќе во јануари следната година.

Милан летово одби голем број богати понуди, но прашање е до кога ќе може да го прави тоа. Португалецот има договор до 2024 година, според кој добива „само“ 1,4 милиони евра годишно.
Шампионот на Италија му понуди зголемување на 4,5 милиони, но јасно е дека тоа не ги задоволува апетитите на Леао и неговиот менаџер.

Сити е подготвен да понуди 100 милиони евра, со цел Леао да пристигне на „Етихад“ и да формира тандем во нападот со Ерлинг Холанд, кој летово дојде во редовите на Сити.

Scroll to Top