Top Sport

Виртус Болоња се распрашува за Понитка

Брилијантната партија на Матеуш Понитка во победата на Полска против Словенија во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка го обнови интересот на голем број клубови.

Понитка пред почетокот на континенталниот шампионат потпиша двомесечен договор со тимот на Реџо Емилија од Италија.

Последните информации од Апенините велат дека за услугите на полскиот ас е заинтересиран Виртус, актуелниот шампион во Еврокупот и од оваа година учесник во Евролигата.

Понитка, која има 29 години, последните три години ги помина во Зенит Санкт Петербург. Во текот на кариерата ги носеше и дресовите на Локомотив од Кубан, Гран Канарија, Каршијака, Зјелона Гора, Остенде и Проком.

Матеуш Понитка во победата над Словенија стана четвртиот играч што успеал да забележи трип-дабл на едно ЕП. Мечот го заврши со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции.

Scroll to Top