Top Sport

Олимпијакос го потврди трансферот на Родригез

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез потпиша договор со Олимпијакос, потврди грчкиот клуб.

Поранешниот играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид повторно ќе игра заедно со соиграчот од Реал, Марсело, кој минатата недела потпиша договор со грчкиот шампион.

Родригез спогодбено го раскина договорот со Ал Рајан од Катар, а деталите од договорот со Олимпијакос не беа соопштени.

Родригез во кариерата играше за Порто, Монако, Реал, Баерн Минхен, и Евертон. За колумбиската репрезентација одиграл 86 натпревари и постигнал 24 гола.

 

Scroll to Top