Top Sport

Фудбалери на Ница се разболеле во Белград, еден завршил во болница

Неколку членови на делегацијата на Ница се разболеле непосредно пред натпреварот во Белград против Партизан, објави „Лекип“.

Францускиот весник наведува и дека на еден од нив му била потребна медицинска помош, поради што завршил во болница. Ова за „Лекип“ го потврдил тренерот на тимот од Азурниот брег, Лусијан Фавр.

Неколку играчи на Ница почувствувале симптоми пред натпреварот, а меѓу нив бил и Марцин Булка, кој требало да го започне натпреварот меѓу стативите наместо Каспер Шмајхел. Тој на крајот заврши на клупата и покрај здравствените проблеми.
Според Фавр, уште пет или шест играчи го имале истиот проблем, без да ги именува играчите и да каже конкретно што не било во ред.

„Лекип“, претпоставува дека во болница завршил Мелвин Бард, кој беше најавен, но на крајот не беше во протоколот за натпреварот со Партизан.

И покрај сите проблеми Ница одигра 1:1 со Партизан.

Scroll to Top