По коментарите на Нејмар, и легендарниот Пеле застана во одбрана на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој се најде во центарот на вниманието на шпанската спортска јавност за неговиот танц против Мајорка по постигнување на гол, кој многумина го протолкуваа како покажување на недостаток на почитувае на противникот.
„Фудбалот е радост. Танц. Вистинска забав. Иако расизмот продолжува да постои, нема да не сопре да имаме насмевка на лицето. И да се бориме против расизмот на ваков начин: борејќи се за правото да бидеме среќни“, напиша Пеле.
O futebol é alegria. É uma dança. É uma verdadeira festa. Apesar de que o racismo ainda exista, não permitiremos que isso nos impeça de continuar sorrindo. E nós continuaremos combatendo o racismo desta forma: lutando pelo nosso direito de sermos felizes. #BailaViniJr pic.twitter.com/yCJxJEAn4a
— Pelé (@Pele) September 16, 2022
Коке му се „закани“ на Винисиус за танцувањето против Атлетико!