Top Sport

Германија бара уште една земја да биде исфрлена од ЕУРО 2024

Германија, домаќинот на Европското фудбалско првенство во 2024 година, побара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од натпреварувањето.

Министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фесер, во писмо до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, повика на суспензија на руските и белоруските фудбалски функционери.

Поради војната во Украина, УЕФА ја исклучи само Русија, но не и Белорусија.

Ждрепката за квалификациите за ЕУРО е закажана за 9. октомври во Франкфурт.

Германија ќе биде единствената земја домаќин, за разлика од последното Европско првенство, кога 11 градови го организираа континенталното првенство.

Scroll to Top