Фудбалерите на Манчестер сити со победа ја отворија саботната програма во Премиер лигата. „Граѓаните“ славеа на гостувањето во Вулверхемптон со 3:0.
Манчестер сити, во раната фаза, ја најави победата. Џек Грилиш го постигна првиот гол по само 56 секунди игра, а предноста ја зголеми Ерлинг Халанд во 16.минута. Норвежанецот го постигна 11 гол во седмиот натпревар во Премиер лигата.
Вулвф не беа инфериорни во однос на противникот, но не успеаја да ја пробијат одбраната на Сити. Работите за нив станаа уште потешко кога Колинс доби директен црвен картон во 43.минута.
Кошенчниот резултат го постави Фил Фоден во 69.минута.