Top Sport

Олимпијакос му врачи отказ на Корберан

Шпанскиот тренер Карлос Корберан доби отказ од Олимпијакос по уште едно разочарувачко издание на клубот од Пиреја.

Во дербито на петтото коло, црвено-белите беа поразени од Арис во Солун со резултат 2:1 и сега имаат дури седум бода помалку од градскиот ривал Панатинаикос. ПАО е единствен со максимален ефект.

Олимпијакос на крајот од преодниот рок ги ангажираше Марсело, Џејмс Родригез, Седрик Бакамбу и Диади Самасеку, но и покрај големите вложувања, тимот од Пиреја потфрли во квалификациите за Лигата на шампионите (елиминиран од Макаби Хаифа), а во групната фаза од Лига Европа беше поразен од Нант и Фрајбург.

39-годишниот Корберан на почетокот на јули доби отказ од Хадерсфилд, а на 1. август пристигна на клупата на грчкиот великан.

Грчките медиуми пренесуваат дека најсериозен кандидат за преземање на тимот е Лоран Блан, кој веќе имал контакт со спортскиот директор на клубот Кристијан Карембу, а се шпекулира и со имињата на Рафа Бенитез и Мичел.

Scroll to Top