Top Sport

Саинс ги критикува критичарите на Ферари

Возачот на Ферари, Карлос Саинс, верува дека неговиот тим добива повеќе критики од другите. Италијанскиот тим направи голем број грешки во тековната сезона и затоа често беше критикуван.

Многумина сметаат дека Ферари е тимот кој се победи себеси оваа година, но Саинз не мисли така.

„Многу е тешко да се зборува за тоа кога требаше да бидеме посмели и кога требаше да бидеме повнимателни. Мислам дека треба да ја анализирате секоја ситуација посебно и тогаш секој заклучок би бил различен. Сметам дека се се врти околу константниот напредок и пронаоѓањето начини да се донесат правилни одлуки во вистински моменти“, вели Шпанецот.

Тој истакнува дека Ферари го критикуваат кога ќе погреши, но не го фалат кога ја прави вистинската работа.

„Многу пати ја направивме вистинската работа и никој не ни рече: „Па, ја направивте вистинската работа“ или ни честиташе, но кога имаше две или три грешки, да речеме, тогаш добивавме големи критики“, рече 28- годишниот возач.

„Мислам дека не е фер кон Ферари. Кога бев во Мекларен, Торо Росо или Рено, кога се правеа грешки во стратегијата, никој не покажуваше со прст кон нас, како што се случува во Ферари“.

Саинс годинава триумфираше само во Велика Британија, додека на подиумот беше вкупно седум пати.

Моментално е на петтото место во генералниот поредок, а лидер е Макс Верстапен од Ред Бул со 335 бодови, дури 116 повеќе од колегата на Саинц, Шарл Леклер.

Scroll to Top