Top Sport

Балде поради допинг ќе го пропушти СП во Катар

Кеита Балде нема да биде дел од репрезентацијата на Сенегал бидејќи е суспендиран поради допинг.

До почетокот на Светското првенство во фудбал остануваат уште нешто повеќе од два месеци, на турнирот Сенегал ќе биде без напаѓачот Кеита Балде. Тој, во април во дресот на Каљари ги прекрши правилата за допинг, а иако повторениот тест покажал дека не е позитивен, тој сепак е суспендиран од страна на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Во меѓувреме, Кеита Балде го смени клубот и на крајот на август потпиша за Спартак Москва, а рускиот клуб на својата веб-страница потврди дека не може да смета на него додека не истече забраната. Русите ја прифатија одлуката на Фудбалскиот сојуз на Италија која му изрече суспензија на Балде до 5.декември.

Сенегал на СП во Катар се натпреварува во групата А со Катар, Еквадор и Холандија.

Scroll to Top