Top Sport

Мундо Депортиво: Барса е заинтересирана за Марко Асенсио

Каталонскиот „Мундо Депортиво“, објави дека Барселона би можела да го доведе Марко Асенсио, 26-годишниот напаѓач кој не е задоволен од својот статус во Реал.

Асенсио, шпанскиот репрезентативец кој во Реал пристигна во 2015 година од Мајорка, има договор со мадридскиот клуб до крајот на сезоната. Изминативе недели имаше преговори меѓу него и Реал околу продолжувањето на соработката, но не беше постигнат договор, па извесно е дека Асенсио ќе го промени клубот.

„Барселона планира да се вмеша. Предноста на каталонскиот клуб е што е во добри односи со Жорж Мендеш, менаџерот на играчот на Реал“, пишува „Мундо Депортиво“. Барселона се надева дека Асенсио нема да го напушти Реал во јануари и дека ќе може да го доведе на крајот од сезоната без да плати оштета.

Асенсио има одиграно 239 натпревари за Реал и постигна 50 гола со 24 асистенции.

Scroll to Top