Маурицио Покетино ќе изненади со изборот на новиот клуб. Аргентинецот е без работа од крајот на минатата сезона кога доби отказ во ПСЖ.
Како што пишуваат француските медиуми, се поизвесно е дека Покетино повторно ќе го работи во француската Лига 1. Според овие извори тој преговара со челниците на Ница за преземање на тимот на овој клуб.
Ница не ја отвори сезоната според очекувањата и по осум одиграни кола овој клуб е само на 13. позиција со осум бодови и само две победи.
Веќе се шпекулира дека Лусиен Фавр би можел да добие отказ.
Од клубот наводно веќе го контактирале аргентинскиот стручњак и ги започнале преговорите, а како што стојат работите, Покетино нема ништо против да ја преземе Ница. За попладнево е договорен состанок помеѓу Покетино и челниците на Ница.