Top Sport

Газдата на ПСЖ ја купува Сампдорија

Сопственикот на Пари Сен Жермен, Тамим бин Хамад Ал Тани решил да инвестира во италијанскиот фудбал.

Според медиумите на Апенинскиот полуостров, Ал Тани го започнал процесот за на Сампдорија.

Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро веќе подолго време се обидува да го продаде клубот.

Доколку клубот му биде продаден на шеикот од Катар, треба да се очекува нива фудбалска сила во Серија А. Ал Тани би можел на Сампдорија да и ја врати славата од 90. години на минатиот век. Тие години, клубот предводене од Вујадин Бошков од клупата и Џанлука Вијали, Џанлука Паљука, Роберто Манчини, Пјетро Вјерховод на теренот стана шампион на Италија, го освои Купот на победниците на куповите и играше во финалето во Лигата на шампионите.

Сампдорија лошо влезе во новата сезона, освои само два бода во првите седум кола. Поради лошите резултати веројатно Марко Џанпаоло ќе добие отказ, а медиумите најавуваат дека нов тренер ќе биде Дејан Станковиќ.

Scroll to Top