Top Sport

Роналдо е најмоќниот фудбалер на „Инстраграм“, една негова објава вреди 3,5 милиони доалри

Кристијано Роналдо, асот на Манчестер jунајтед и понатаму е највлијателниот фудбалер на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Според истражувањето на „Nielse InfluenceScope“, играч кој има речиси 500 милиони следбеници (472 милиони) на оваа социјална мрежа.

Последната година го следат 47 отсто повеќе луѓе. Секоја објава на Португалецот вреди 3,5 милиони долари. Зад Роналдо се рангирани Лионел Меси (358 милиони следбеници), една негова објава на Аргентинецот вреди 2,6 милиони долари, Нејмар (177 милиони) и Килијан Мбапе (73 милиони), а најголем скок забележа Винисиус Жуниор, кој во изминатите 365 дена речиси двојно го зголеми бројот на следбеници.

Меѓу младите играчи во центарот на вниманието е асот на Барселона Гави, чиј број на следбеници е зголемен за 5.000 отсто од август 2021 година.

Што се однесува до репрезентациите, најмногу следбеници има Франција, актуелниот светски првак, пред Бразил и Португалија.

Scroll to Top