Мексиканскиот селектор, Херардо „Тата“ Мартино потврди дека Хавиер „Чичарито“ Ернандез сигурно нема да биде дел од тимот кој ќе настапи на Светското првенство оваа зима.
И покрај проблемите во нападот на „Ел три“, Мартино веќе три години не го повикува 34-годишниот напаѓач на Лос Анџелес галакси, откако според мексиканските меиуми, Чичарито заедно со неколу репрезентативци го напуштиле кампот на репрезентацијата без дозвола за да одат на забава.
„Карлос Вела, пред три години не извести дека не сака да биде повикуван во репрезентацијата, додека во случајот на Чичарито, едноставно ќе одиме со други напаѓачи“, вели Мартино.