Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито вели дека не се двоумел во одлуката да го ангажира Маурицио Сари како тренер на тимот по заминувањето на Симоне Инзаги минатото лето.
53-годишниот поранешен тренер на Наполи, Челси и Јувентус, според претседателот Лотито донел нов систем на игра со кој ѕвездите на тимот, Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ имаат вистинска шанса да блеснат.
„Веднаш се разбравме со Маурицио. Не го познавав, но веднаш направи голем впечаток на мене. Како што кажав и претходно, Сари е човек кој живее за фудбалот. Затоа му доверив голем проект, кој мислам дека носи резултати кои се гледаат и оваа сезона. Го избравме Сари не како преоден тренер, туку како тренер кој почна нов проект. Со него избравме идеја за играње на фудбал“, вели Лотито.