Top Sport

Грилиш признава: Во Астон Вила имав повеќе слобода отколку во Сити

Ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш признава дека работите не оделе според предвиденото по неговиот трансфер од Астон вила, додавајќи дека имал „повеќе слобода“ во претходниот клуб.

Грилиш дојде во Сити од Вила во рекорден британски договор од 100 милиони фунти минатото лето, но не успеа да ги повтори бројките на голови и асистенции на „Етихад“.

„Најверојатно не играм во мојата најдобра форма откако се преселив во Сити, но понекогаш бев добар. Тука е сосема поинаку отколку во Вила. Мислам дека во Астон вила имав повеќе слобода во играта“, вели 27-годишниот Англичанец за „Скај спортс“.

Минатата сезона тој ја заврши со 3 гола и 3 асистенции, а оваа година нема ниту еден гол и асистенција, но сепак, го заддржа местото во англиската репрезентација за мечевите од Лигата на нации.

Scroll to Top