Top Sport

Мбапе и Жиру ја „кренаа“ Франција, победи за Хрватска, Холандија и Белгија

Светскиот шампион и актуелниот шампион од Лигата на нации, Франција си ги зголеми шансите за опстанок во елитнта Лига А, откако дома со 2:0 ја совладаа Австрија, а важни победи остварија и Хрватите против Данска (2:1), Холанѓаните на гости кај Полска (0:1) и Белгијците против Велс (2:1).

Откако загубија дома од Данска и Хрватска во претходните натпревари, на Французите им беа потребни три поени против Австрија за да го заддржат елитниот статус и за тоа се потрудија повратникот Оливие Жиру и првата ѕвезда Килијан Мбапе. Ветеранот на Милан, Жиру прво во 56. минута му асистираше на Мбапе, за само девет минути подоцна и тој да се запише во листата на стрелците.

Хрватите, пак, се на чекор на освојуваање на групата, откако со 2:1 ја совладаа Данска. Борна Соса во 49. минута донесе водство за „коцкестите“, пред Кристијан Ериксен да израмни во 77. минута. Само две минути подоцна, Ловро Мајер го изненади Шмајхел за трета победа во низа за тимот на Златко Далиќ. Во последното коло, Хрватите гостуваат кај Австрија, додека Данците ја пречекуваат Франција.

Во групата 4, пак, пред големата соседска пресметка Холандија-Белгија, двете репрезентации не згрешија. Коди Гакпо и Стивен Бергвајн донесоа 2:0 победа за „оранје“ на гости кај Полска, додека Кевин де Брујне и Мичи Батшуаи беа стрелци за Белгија при 2:1 победата над Велс.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 1
Хрватска – Данска 2:1
Франција – Австрија 2:0

Standings provided by SofaScore

ЛИГА А, ГРУПА 4
Белгија – Велс 2:1
Полска – Холандија 0:2

Standings provided by SofaScore

ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Литванија – Фарски Острови 1:1
Турција – Луксембург 3:3
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Казахстан – Белорусија 2:1
Словачка – Азербејџан 1:2
ЛИГА Д, ГРУПА 1
Летонија – Молдавија 1:2
Лихтенштајн – Андора 0:2

Scroll to Top