Фудбалерите на Ланус се пласираа во финалето на Копа либертадорес откако со неверојатен пресврт ја елиминираа Ривер Плата. Ланус надомести гол негатива од првиот меч и со победата 4:2 избори финале во натпреварувањето ке е е пандан на Лигата на шампионите.
Почеткот на мечот донесе два брзи гола на гостите од Буенос Аирес, кои во 23. минута водеа 0:2 со головите на Скоко и Монтиел.
Во финишот на првиот и почетокот на вториот дел домаќинот израмни на 2:2 со головите на Сандо.
По еден час игра Акоста погоди за 3:2, а конечните 4:2 ги постави Силва од пенал.
Противник на Ланус во финалето ќе биде победникот од полуфиналниот двомеч во кој играат Гремио и Барселона (Еквадор). По првиот меч бразилскиот тим има предност 3:0.