Фудбалската репрезентација на Словенија ја забележа првата победа во ова издание на Лигата на нации. Словенците, во петтото коло, во Групата 4 од Б-дивизијата, ја победи првопласираната селекција во групата, Норвешка со 2.1.
Словенија, со пресврт во вториот дел успеа да ги победи фаворизираните Норвежани.
Во првото полувреме немаше голови, а потоа напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд во 47. минута ја искористи грешката во словенечката одбрана и го совлада одличниот Јан Облак.
Од тој момент Словенците ја презедоа иницијативата. Во 69. минута, по асистенцијата Бенјамин Шешко, израмни Андраж Шпорар, а во 81. минута Шешко го постигна вториот гол за Словенците и направи целосен пресврт.
Вечерва во оваа група Србија ќе ја пречека Шведска.
На табелата Норвешка има 10 бода, Србија е на седум со натпревар помалку, Словенија има пет, а Шведска со натпревар помалку три бода.
Во последното коло Словенија ќе гостува во Шведска, а Норвешка ќе ја пречека Србија.