Вардар 1961 го диби дерби мечот против Алкалоид одигран во рамките на четвртото коло во Суперлигата. Актуелниот шампион го порази тимот на Кире Лазаров со 28:25 (12:13).
Алкалоид му пружи жесток отпор на шампионот, тимот на Лазаров имаш гол предност на полувреме и предност од два гола на помалку од десет минути до крајот на натпреварот. На крајот пресуди искуството на вардаровите ракометари.
Играчите на Алкалоид направија неколку грешки во финишот, што искусните играчи во црвено-црно немилосрдно ги казнија.
Вардар 1961 го предводеа репрезентативците Манасков со осум, Талески со шест и голманот Томовски со 12 одбрани. На спротивната страна Трајковски имаше 13 одбрани, а со шест гола најефикасен беше Стојковиќ.