Англискиот селектор, Герет Саутгејт инсистира дека тој е „вистинскиот човек“ кој ќе ја предводи Англија на Светското првенство во Катар и покрај катастрофалната сезона во Лигата на нации на УЕФА.
Англија загуби со 1:0 од Италија во петокот, со што се потврди нивното испаѓање во Лига Б, и Саутгејт беше на мета на критики поради конзервативниот пристап во играта, со само еден гол од игра во текот на сезоната.
„Мислам дека сум вистинскиот човек кој треба да ја води Англија на Мундијалот. Мислам дека стабилноста е најважна. Мечот против Италија не беше толку лош, но критиките се оправдани бидејќи имаме низа на порази. Помладите фудбалери во овие мечеви ќе научат многу. Во минатото имавме победи во пријателските мечеви и потоа на големите турнири удиравме во ѕид со квалитетен противник. Сега, добро го познаваме нивото на кое мораме да играме и имаме квалитетни мечеви зад нас“, вели Саутгејт.
Англија нема победа во последните пет меча и постигнато гол од игра повеќе од 450 минути – последната победа беше над Брегот на Слоновата Коска на 29 март. Во последниот меч од Лигата на нации, Англија утре ја пречекува Германија на „Вембли“.