Кларенс Сидорф смета дека во италијанскиот фудбал има малку шанси за црните тренери, иако оценува дека Италија не не расистичка за земја. Холанѓанецот, кој во кариерата играше за Интер и Милан, беше шест месеци на клупата н Милан од јануари до јуни 2014, во само 22 меча, по што беше надвор од фудбалот две години, пред да биде тренер пет месеци во Кина во тимот на Шенжен ФЦ.
„Честопати се чудам зошто не добив друга шанса во Италија, бидејќи моите две деца се родени тука. Не сметам дека Италија е расистичка земја и секогаш сум го велел тоа. Но, ако го видите мојот пример не сфаќам зошто по Милан не добив друг тим и не добив понуда. По 20 години во Италија. Некои ми велеа дека не сакале да ме навредат со понуда. Дајте понуда, па јас ќе одлучам дали ќе бидам навреден“, вели Сидорф.