На 52-годишна возраст, почина поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ.
На Радаковиќ пред две години му бил дијагностициран рак на желудникот. Операција во Турција му го продолжи животот, но проблемите се вратија.
Ослабе 50 килограми, преживеа сепса, а трошоците за лекување го ставија во тешка финансиска ситуација.
Радаковиќ кариерата ја започна во 1991 година во Обилиќ, а потоа играше за БСК, Борац, Раднички Крагуевац, пред да дојде во Партизан во 2000 година.
По четири години го напушти Партизан, а до крајот на кариерата во 2008 година настапуваше за Штурм Грац, Земун, Вождовац и Колубара.
За репрезентацијата на Југославија имаше и два настапи во квалификациите за СП 2002 против Русија во Москва (1:1) и Фарски Острови во Белград (6:0).
Како тренер работел во Младеновац, Колубара, Смедерево, Раднички 1923, Шумадија и Вршац.
Со Партизан освои две титули и еден Куп на Југославија.