Top Sport

Хаос и тепачка на дуелот помеѓу У-18 селекциите на Франција и Полска

Натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и Полска до 18 години мораше да биде прекинат во 77. минута откако Дарнел Ерик Биле, инаку играч на Сент Етјен со глава удри противник и така го заработи четвртото исклучување во францускиот тим.

Сите исклучувања во француската репрезентација се случија во интервал од само 20 минути. Пред Биле црвени картони добија, Илјес Хусни (ПСЖ), Жануел Белосијан (Рен) и Јони Гомис (Авр).

„За некои нема да има враќање во репрезентацијата, мора да сфатат некои работи. Другите имаа правилен став и се обидоа да ја смират ситуацијата. Мораме мирно да го анализираме ова, а јас како селектор ќе ги санкционирам тие кои заслужуваат санкции“, изјави селекторот на француската У-18 на репрезентацијата Бернар Диомед.

Во моментот кога натпреварот беше прекина Полска имаше предност од 3:2.

 

Scroll to Top