Top Sport

Серена ќе го „прескокне“ турнирот во Монтреал

Серена Вилијамс нема да настапи на Роџерс купот во Монтреал, поради лични причини, откако оваа недела го доживеа најтешкиот пораз во кариерата.

Освојувачката на 23 гренд слем титули, загуби со 6:0/6:1 од Британката Џоана Конта на Силикон Вели класик турнирот, по што реши да направи мала пауза. Претходно, 36-годишната Американка загуби во финалето на Вимблдон од Германката Анџелике Кербер, а во Монтреал требаше да се подготвува за САД опен.

Вилијамс нема настапено во Монтреал по пласманот во полуфиналето во 2014 година. Таа во моментов е 26. на ВТА-листата.

Scroll to Top