Top Sport

Перишиќ застана во одбрана на „несреќниот“ Калиниќ

Околу случајот на Никола Калиниќ и неговото „протерување“ од хрватската репрезентација на СП во Русија се пишуваше многу, но сега во негова одбрана застана неговиот добар пријател Иван Перишиќ.

Калиниќ одби да влезе во игра на првиот меч на Мундијалот против Нигерија, а откако пропушти и еден тренинг, поради наводна повреда на грбор, селекторот Златко Далиќ реши да го прати дома. По ова, Хрватска славно стигна до финалето на СП, каде што загуби од Хрватска, а Калиниќ потоа го одби сребрениот медал со образложение дека „не играл во Русија“.

Сега, во негова одбрана застана ѕвездата на Интер, Перишиќ во интервју за „Спортске новости“.

„Кале ми е најдобриот пријател и мене лично тоа ме погоди многу. Ноќта кога се донесе одлуката едвај заспав и тоа само еден-два часа. Не можев да спијам бидејќи знам каков фудбалер и каков човек е Никола Калиниќ. Навистина тешко“, вели Перишиќ.

Тој исто така најде причина да го брани фудбалерот на Милан поради третманот кој го добивал во хрватската репрезентација.

„Добро ја познавам неговата историја во репрезентацијата и сѐ што му се случуваше. Искрено, да бев јас на негово место, ќе ’пукнев’ порано. Сепак, мислам дека Кале направи погрешен потег во погрешен момент“, додава Перишиќ.

Калиниќ го одби среброто: Јас не играв во Русија

Scroll to Top