Стоперот на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Роналд Араухо во текот на денот ќе биде подложен на операција на бутниот мускул во Финска, соопшти клубот.
Со тоа што се согласи на операцијата го загрози учеството на Светското првенство во Катар, кое започнува на 20. ноември.
Араухо се здоби со повреда во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Уругвај и Иран. Тој се повреди во првата минута од натпреварот.
„Роналд Араухо ќе биде опериран во среда поради скината аддукторна тетива на десната надколеница. Оваа интервенција ќе ја изврши лекарот Ласе Лемпаинен во Финска”, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
По операцијата ќе биде објавено ново соопштение за медиумите, кога ќе биде прецизирано и колку време Араухо ќе биде надвор од терените, се додава во соопштението.
Според медиумите, тој ќе отсуствува околу месец и половина, што остава можност за настап на Светското првенство кое започнува на 20. ноември во Катар.