Стефан Јовиќ се враќа во Црвена Звезда. Според грчките медиуми, поранешниот српски репрезентативец до крајот на сезоната ќе настапува за црвено-белите.
Во првиот мандат, Јовиќ остана во Звезда од 2014 до 2017 година. Во тој период белградскиот тим освои три титули во АБА лигата и три домашни првенства, додека во Евролигата најголемиот успех го постигна во сезоната 2015/16 кога стигна до четвртфиналето.
По Црвена Звезда, Јовиќ од 2017 до 2019 година го носеше дресот на Баерн Минхен, а од 2019 до 2021 година беше во Химки од Москва.
Минатата сезона беше играч на Панатинаикос.