Остануваат уште помалку од два месеци до почетокот на Светското првенство во Катар. Пред почетокот на Мундијалот, англиска апликација за обложување (СБК) се занимаваше со прогнозата и направи компјутерска симулација на сите резултати на првенството.
Супер-компјутерот на СБК, прогнозира финале помеѓу бранителот на титулата Франција и Бразил. На крајот оваа прогноза вели дека Бразил шести пат во историјата ќе ја освои титулата.
Франција во полу-финалето би бил подобра од Белгија, а Бразилците би славеле против најголемиот ривал Аргентина.
Аргентинците, според оваа прогноза, Мундијалот би го завршиле на третото место.