Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар ги повика своите фанови да го дадат гласот на претседателските избори во неговата татковина, за актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро во видео на Тикток.
Поддршката доаѓа еден ден откако Болсонаро ја посети добротворната организација на Нејмар во близината на Сао Пауло. Анкетите во Бразил посочуваат дека пред неделните избори, Болсонаро губи во однос на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Болсонаро и при изборот во 2018 година имаше поддршка од врвни фудбалски имиња, како Роналдињо и Ривалдо, Лукас Моура од Тотенхем и Фелипе Мело од Галатасарај.
Footballer Neymar posted this video singing pro-Jair Bolsonaro song days ahead of the first round of presidential elections in Brazil.
More here ? https://t.co/zBw1PAnclB pic.twitter.com/SiWMw4S7a8
— Sky News (@SkyNews) September 30, 2022