Ливерпул продолжува со променливи игри во Премиерлигата и по паузата. „Црвените“ одиграа само 3:3 против Брајтон на домашен терен, а најзаслужен за бодот на гостите Леандро Тросар кој постигна хет-трик. Брајтон поведе со 0:2, а Ливерпул направи пресврт со двата гола на Фирмино и автоголот на Вебстер, сепак, Тросар со третиот гол донесе реми за Брајтон.
Грем Пoтер стигна до првата победа на клупата на Челси во Премиерлигата. Конор Галахер погоди во 90.минута за триумф од 1:2 на гости кај Кристал Палас. Домаќините поведоа со голот на Одсон Едуард, а израмни Пјер-Емерик Обамејанг.
Њукасл убедливо го совлада Фулам на гости со 1:4, а и Евертон дојде до гостинска побведа (1:2) против Саутемптон.