Вулверхемптон го отпуштија менаџерот Бруно Лаже по саботниот 2:0 пораз од Вест хем, откако Вулфс победија само еднаш во последните 15 меча во Премиерлигата.
Вулверхемптон потрошија 100 милиони фунти на засилувања ова лето за да му дозволат на Лаже да формира тим по свој вкус, но по 15 месеци на клупата, клубот ќе бара нов тренер. Лаже заминува по 46 меча на чело на премиерлигашот, откако во април тимот беше на седмото место на табелата со пет поени зад местата кои водат во Лигата на шампиони.