Супериорноста на Макс Ферстапен оваа сезона најдобро се покажува со неговата изјава дека имал „навистина ужасен викенд“ во Сингапур, иако тој го носи на чекор до светската титула веќе на следната трка во Јапонија во недела.
За да си замине како двократен шампион од Сузука, на Ферстапен му се потребни осум поени повече од Шарл Леклер во Ферари и 10 повеќе од неговиот колега од Ред бул, Серхио Перез. Ако победи со најбрз круг, најверојатна опција на патека која би требало да одговара на Ред бул, тој сигурно ќе стане шампион.
Но денеска, титулата не му беше во ум на Холанѓанецот, кој има 104 поени предност на пет трки до крајот на сезоната.
„Ова беше фрустрирачки викенд. Навистина ужасен викенд кој почна вчера со проблемите во квалификациите, кога ќе останев без гориво. Имаме пет трки до крајот и големо водство, но секогаш сакам да имам добар викенд“, вели Ферстапен, кој во петокот го прослави својот 25. роденден.