Top Sport

Српската „врска“ проработе, Јуве, конечно, со убедлива победа

Јувентус стигна до 3:0 победа над Болоња во меч од 8. коло во италијанската Серија А, во досега најубедлив меч за тимот на Масимилијано Алегри, по трите меча без победа во домашниот шампионат.

До победата, овојпат, ги предводеше српското дуо Душан Влаховиќ-Филип Костиќ. Прво, Влаховиќ му асистираше на Костиќ во 24. минута за водство од 1:0, резултат со кој се отиде на пауза, по што во 59. минута, самиот Влаховиќ зголеми на 2:0 по асистенцијата на Вестон Меккени. Победата беше потврдена во 62. минута преку Аркадијуш Милик.

Со победата, Јувентус се искачи на седмото место на табелата со 13 поени, седум зад лидерите во Италија, Наполи и Аталанта, додека Болоња по вториот пораз во низа под новиот тренер Тијаго Мота, се наоѓаат на 17. место со само 6 поени.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top