На 17. октомври на гала церемонијата во Париз ќе биде објавено името на добитникот на Златната топка. Тоа е секако најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот, а на интернет протече името на наводниот победник.
Бразилскиот ТНТ го објави конечниот поредок при гласањето за Златната топка, а овогодинешниот добитник треба да биде напаѓачот на Реал, Карим Бензема со 521 глас.
Тоа не е неочекувано, бидејќи Бдензема секако е прв фаворит, откако минатата сезона го предводеше Реал до титулата во шпанското првенство и Лигата на шампионите.
На второто место со 298 гласа е Садио Мане, поранешен играч на Ливерпул и актуелен член на Баерн. По него следуваат Винисиус Јуниор (190 гласа), Мохамед Салах (179), Роберт Левандовски (99), Килијан Мбапе (94) и Кевин де Брујне (81), Лука Модриќ (73), Сон, Тибо Куртоа…
Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (31) е на 11 место.
VINI JR. TOP 3? ??? Um suposto vazamento do que seria a lista do #BallonDor está circulando nas redes. Diz aí, achariam justo se esse fosse o resultado oficial? ? pic.twitter.com/S40CLCK4SB
— TNT Sports Brasil (@TNTSportsBR) September 30, 2022