Top Sport

„Не би го менувал Лева за ниту еден друг играч“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека за ниту еден друг играч не би го менувал полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Во саботата Барселона со голот на Левандовски ја победи Мајорка со 1:0 во натпреварот од седмото коло на шпанската Ла Лига.

„Не би го заменил Роберт за ниту еден друг играч во светот. Искуството е од клучно значење. Тој е зрел, а неговиот начин на игра им помага на младите фудбалери. Тој освои сè, но пристигна во Барселона како скромен играч. Тоа што го прави е извонредно Тој е за пример, работи за тимот и му помага на стручниот штаб. Левандовски прави разлика, тој е навистина извонреден фудбалер“, рече Чави.

Левандовски пристигна во Барселона во летниот преоден рок од Баерн за 50.000.000 евра. Тој постигна 12 гола на девет натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top