Украина е подготвена да им се придружи на Шпанија и Португалија во обидот да ја добијат организацијата на Светското првенство во 2030 година, ексклузивно објави англискиот весник „Тајмс“. Медиумите кои ја пренесоа информацијата исто така објавија дека се уште не добиле потврда од ФИФА.
Украина наводно понудила да биде домаќин на една од групите кои ќе играат на Мундијалот. Планот на челниците на светскиот фудбал им го претставил претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а „Тајмс“ пишува дека лидерот на Украина има поддршка од своите колеги од Шпанија и Португалија.
Партнерството треба да биде официјално објавено на прес-конференција што ќе ја одржат првите луѓе на Фудбалските сојузи на Шпанија и Португалија во седиштето на УЕФА во Нион во среда.