Top Sport

Хамилтон ќе добие нов договор

Луис Хамилтон, седумкратниот шампион во Формула 1, им кажал на своите работодавци во Мерцедес дека чувствува дека може да вози уште пет години. 37. годишникот се уште е без победа оваа сезона, но го има најголемиот договор меѓу конкурентите на патеката.

Според Би-би-си, Хамилтон во последната сезона од договорот со Мерцедес вози за приближно 46 милиони евра. На 17 трки оваа сезона, тој освои 170 поени и се наоѓа на шестото место во поредокот кај возачите со 171 поен помалку од лидерот Макс Верстапен.

„Разговараме многу. Седнавме минатата недела и тој ми рече дека може да се трка уште пет години и ме праша што мислам за тоа. Ние сме искрени еден со друг и знам дека тој ќе биде првиот што ќе каже дека не може повеќе да се трка кога ќе почувствува дека бавно реагира. Или кога трките ќе престанат да му бидат забавни. Воопшто не се сомневам дека ќе го продолжи договорот. Ние отворено ќе зборуваме за тоа што носи иднината“, призна тимскиот шеф Тото Волф.

Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Јапонија.

Scroll to Top