Top Sport

Прва тренерска смена во Примера – Елче му врачи отказ на Франциско

Еден освоен бод на седум одиграни натпревари, три постигнати и 18 примени гола е учинокот што го постигна Елче на почетокот од шпанското првенство. Поради лошио влез во сезоната, клубот претпладнево објави дека отказ добил тренерот Франциско.

Елче е во серија од пет порази, а последниот претрпе пресврт на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Елче, остана без бод на „Ваљекас“, во драматичниот финиш, кога Унаи Лопез во 95.минута го совлада Едгар Бадија.

Франциско е првиот тренер кој доби отказ во Примера оваа сезона.

Не е познато кој ќе го наследи Франциско. Кој и да дојде ќе биде петтиот тренер на Елче во последните две години.

Scroll to Top