Top Sport

Француски градови ќе го бојкотираат Светското првенство

Шест француски градови решија да го бојкотираат Светското првенство во Катар. Тие нема да да организираат јавно гледање на натпреварите што ќе се играат на Мундијалот. .
Лил, Стразбур, Роде, Бордо, Марсеј и Париз најавија дека нема да има големи екрани на плоштадите во за време на Светското првенство во ноември и декември.

Одлуката е резултат на протестите поради непочитувањето на човековите права во таа земја и начинот на кој Катар се однесува со животната средина.

„Посветени на вредностите на споделување, солидарност во спортот и градење поодржливо место, не можеме да придонесеме за промоција на Светското првенство во Катар, кое е човечка и еколошка катастрофа“, се вели во соопштението на градот Марсеј.

Заменик-градоначалникот на Париз потврди дека одлуката е поврзана и со тоа што турнирот се одржува во зима.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20. ноември до 18. декември.

Франција, одбраната на титулата ќе ја започне во Д-групата, против Австралија, Данска и Тунис.

Scroll to Top