Top Sport

Повредата на Куртоа не е наивна

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се уште е надвор од терените.

Иако се шпекулираше дека би можел да се врати на терените против Шахтјор, тоа нема да се случи.

Поточно, Карло Анчелоти нема да ризикува со него ниту викендов со Хетафе, ниту на реваншот со Шахтјор следната недела, бидејќи целта е да биде целосно подготвен за „Ел Класико“ на 16. октомври.

Куртоа има проблеми со грбот, секојдневно работи со лекарскиот тим и се надева на најдобри вести.

Во негово отсуство, во двомечот со Шахтјор и против Хетафе ќе брани Украинецот Андриј Лунин.

Реал во среда од 21 часот го пречекува Шахтјор, а во исто време во сабота му гостува на Хетафе.

Scroll to Top