Top Sport

Партизан демантира дека преговара со Кампацо

Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Партизан, Зоран Савиќ, за „Спортклуб“, ги демантираше пишувањата дека клубот преговара со Факунда Кампацо.

„Никогаш не сум разговарал со него“, изјави Савиќ за „Спортклуб“.

Партизан би можел да донесе уште едно засилување, на позицијата организатор на играта, поради повредата на Алекса Аврамовиќ, кој ќе отсуствува до крајот на годината.

Факундо Кампацо е еден од најбараните кошаркари на пазарот, а не потпиша договор со европски тим само затоа што чека добра НБА понуда.

Сепак, бидејќи НБА франшизите ги наполнија своите тимови и предсезоната веќе започна, голема е веројатноста дека Кампацо ќе се врати во Европа.

Најголем интерес за Аргентинецот покажа поранешниот тим Реал Мадрид.

Сезоната во Европа започна викендов, а Евролигата почнува на 6. октомври, односно во четврток.

Кампацо претходните две сезони настапуваше за Денвер Нагетс, а претходно беше член на Реал Мадрид, Мурсија (на позајмица) и Пењарол.

Scroll to Top