Борис Садецки, 20-годишниот хокеар на Слован од Братислава, на неверојатен начин го постигна својот гол првенец во КХЛ лигата.
„Жртва“ на хокеарскиот Меси беше голманот на Локомотива од Јарослав.
Во игра „4 на 4“, Садецки повлече контранапад, мајсторски како Лео Меси во фудбалот се ослободи од еден противник, а потоа со неверојатен дриблинг го совлада голманот.