Top Sport

Зампарини замолил Несторовски и Трајковски да бидат ослободени од репрезентацијата

Маурицио Зампарини, претседателот на Палермо чии дрес го носат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, го замилил првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, двајата фудвалери да бидат ослободени од репрезентативните обврски за пријателскиот натпревар со Норвешка, кој се игра на 11 ноември во Скопје.

Нестоворски оваа сезона со осум голови е прв стрелец на Палермо, кој по 12 кола се наоѓа на лидерската позиција во Серија Б. Колку Несторовски е значаен за играта на Сицилијанците говори и податокот дека половина од головите на тимот се негово дело.

Зампарини побарал Несторовски и Трајковски да бидат ослободени од репрезентативните обврски бидејќи Палермо на 12 ноември гостива во Кремона, кај Кремонезе еден од конкурентите за висок пласман и враќање во Серија А.

И покрај молбите на Зампарини до Ѓорѓиовски, селекторот Ангеловски ги повика Несторовски и Трајковски за дуелот со Норвешка.

Scroll to Top