Пеп Гвардиола вели дека никој не може да се споредува со Ерлинг Халанд од фудбалерите на негова возраст, откако во неделата тој го постигна својот трет хет-трик во Премиерлигата при 6:3 демолирањето на Манчестер јунајтед.
Норвежанецот веќе има постигнато 17 гола во сите натпреварувања за Сити, и ако продолжи со овој ритам може да стигне до 70 гола во Премиерлигата. Пред утрешниот меч против Копенхаген во Лигата на шампионите, Гвардиола продолжи да се воодушевува од Норвежанецот, кој да потсетиме во 21 меч во Лигата на шампионите има постигнато 26 гола, или во просек еден гол на 62 минути!
„На негова возраст, никој не може да се натпреварува со него. Бројките зборуваат сами, а во соблекувалната и на теренот сите од Манчестер сити гледаат работи кои не се во стастиката и кои не прават екстремно среќни што е во нашиот тим“, вели Гвардиола.