Лионел Меси го продолжува „препородот“ во дресот на Пари Сен-Жермен оваа сезона, откако во 22. минута по асистенција на стариот познаник Нејмар го постигна водечкиот гол против Бенфика на „Луж“.
Реализацијата повторно беше беспрекорна, а со голот тој го подобри својот рекорд – португалскиот клуб сега е 40. клуб кому Меси му дава гол во Лигата на шампионите.
????! ??????? 0-1 ??? (?????) pic.twitter.com/1inX7fumEu
— EuroFoot (@eurofootcom) October 5, 2022