Top Sport

Веспрем со драматична победа во Данска, Порто на Митревски уште без победа

Веспрем го продолжи совршениот старт на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во драматичен меч успеа да извлече 31:30 победа во Данска кај ГОГ.

Откако целио меч бее израмнет, ГОГ стигнаа до второто водство на мечот на само 32 секунди пред крајот, кога Емил Мадсен постигна гол за 30:29 водство. Но, искуството на Веспрем се покажа во тие моменти – Драган Пешмалбек и Петар Ненадиќ постигнаа два брзи гола за импресивна победа.

Нант, пак, не дозволи Целје да стигне до втора шокантна победа по таа над Кил, откако доминираа од почетокот до крајот на мечот за 35:24 победа, трет во низа за францускиот клуб. јмерик Мин повторно беше ѕвезда за Нант, завршувајќи со 11 гола, со што францускиот клуб со вкупно 144 гола се лидери во елитата.

До својата прва победа во натпреварувањето стигнаа Динамо Букурешт, откако со 32:27 го совладаа Порто, клубот кој останува без победа по четири кола. Египќанецот Али Зеин, кој заврши со 10 гола, ги предводеше Динамо до клучната предност од 18:14, по која до крајот на мечот рутински стигнаа до победата. Македонскиот голман Никола Митревски имаше 10 одбрани, кои на крајот беа залудни за португалскиот клуб.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА А
Динамо Букурешт – Порто 32:27 (13:12)
ГОГ – Веспрем 30:30 (14:16)


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Б
Целје – Нант 24:35 (14:20)


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top